



+
Вработени
За нас
Компанијата Екстра Жак 2000 е основана во Ноември далечната 2000 година. Како идеја најпрво започнува да дистрибуира во прилепскиот регион, а денес со гордост може да се каже дека вршиме микро дистибуција на секоја точка во државата.
Екстра Жак 2000 денес брои 32 вработени и секоја година тој број расте.
Мометално Екстра Жак 2000 се наоѓа во индустриска зона Металец - Прилеп со соптсвтен магацин од 1300 квадратни и над 530 палетни места. Располагаме со 14 товарни најмодерни возила, 4 комерцијални возила и 3 патнички возила. Фирмата е формирана од сопружниците Жарко Момироски и Анита Момироска, каде Анита е управител. Овој семеен бизнис може да се пофали дека денешното раководство е спој на искуството и младоста каде во 2015 година се приклучува и синот Ренато Момироски.
Екстра Жак 2000 е фирма која тргува и дистрибуира на големо и мало и како субдистрибутер се зацврстува на врвот во државата. Во 2023 година фирмата го дополни своето портфолио за пакување на шеќер во стапче за Horeca линија и денес има капацитет на пакување до 100кг/час готов производ
Наша мисија е високиот професионализам во областа на дистрибуцијата на производи за широка потрошувачка, постојаниот раст на компанијата во земјата, во регионот и пошироко, во согласност со законската регулатива, принципите, вредностите и етиката на бизнисот.
Визијата на „Екстра Жак 2000“ е создавање компанија што ќе биде лидер во дистрибуцијата на стока за широка потрошувачка во земјата, во регионот и пошироко.
Верноста, искреноста, интегритетот, доверливоста, транспарентноста и заемното почитување, се вредности според кој функционира компанијата „Екстра Жак 2000“
Компанијата ги има имплементирано сите современи стандарди за работа (ISO, HACAPP, HALALL, IFC)